среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролига: Ц.Звезда изненадена во Атина, Барселона претрпе втор пораз во низа

Евролига: Ц.Звезда изненадена во Атина, Барселона претрпе втор пораз во низа

Црвена Звезда и онака имаше минимални шанси за влез во плејофот во Евролигата, но од вчера истите стануваат теоретски откако српскиот великан испушти „добиен меч“ во Грција.

„Црвено-белите“ водеа со 53:37 на гостувањето во Атина во 26-та минута од мечот, но крајот на третиот период и последната четвртина можат да се опишат само со еден збор, а тоа е катастрофа.

Момците на Ивановиќ целосно се исклучија и се распаднаа на теренот, што резултираше со неверојатен кам-бек на Панатинаикос, а на крајот и победа од 75:66.

Овој пресврт дојде од тим кој игра во ужасна форма и кој имаше шест порази во низа во Евролигата, што доволно говори дека Звезда можеби ја испушти последната шанса да фати приклучок за топ осум пласман.

Од останатите средби во Европа, Барселона изненадувачки го забележа вториот пораз во низа, па сега падна на третото место на табелата зад Олимпијакос и Реал Мадрид. Каталонците загубија во Турција кај Фенербахче со резултат 81:74.