петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Тлото не престанува да се тресе: Утрово нов земјотрес го стресе Балканот

Подгорица ја погоди помал земјотрес, што е уште еден во серијата кои последниве денови се случија на територија на Црна Гора.
Тлото не престанува да се тресе: Утрово нов земјотрес го стресе Балканот

Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 3 степени според Рихтер бил на пет километри југоисточно од Подгорица, соопшти Сеизмолошкиот завод на Црна Гора.

Потресот не можел да предизвика материјална штета, како што тоа го направи оној од минатата недела во северозападниот дел на Црна Гора, со епицентар во Плава.

Надлежните служби се уште ја утврдуваат висината на материјалната штета, а до сега властите во Плава примиле 1.000 барања за помош, и дека повеќе од 100 куќи се оштетени, а седум семејства привремено раселени од своите домови.