петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од Прилеп, расчистени три кривични дела во Битола

Приведен крадец од Прилеп, расчистени три кривични дела во Битола

На 16.03.2023 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ќ.К.(51) од Прилеп.

Тој се барал по централен распис од СВР Битола поради сомнение за извршени тешки кражби на дрзок начин на повеќе локации на подрачјето на Битола, извршени во подолг период.

Ќ.К. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.