недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Концерт за деца со оркестарот на Филхармонија

Концерт за деца со оркестарот на Филхармонија

Оркестарот на Македонска филхармонија денеска ќе го одржи концертот за деца насловен „А Zoo Called Earth“. Диригент е Ангел Спировски, а како солисти ќе настапат пијанистките Ивана и Ана Мазнејкови. На програмата се „Карневал на животни“ од К. Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П. Шикл. Режисерка е Тамара Стојаноска, аниматор е Бобан Алексоски, а визуелизација и анимацијата се на Иван Коминовски.

– Приказната е за еден магионичар кој понекогаш е кловн, но секогаш – чувар на нашата планета. Заедно со оркестарот на Филхармонија и еден „вонземјанин“ ќе ги поведат најмладите на магично музичко патување со „Карневалот на животните“од К.Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П.Шикл. Преку многу музика, интеракција и анимација децата ќе учат за животните, за природата и ќе ги потсетиме колку е важно да ја чуваме и сакаме нашата планета земја, истакнаа од Филхармонија.

Концертот се реализира во соработка со Театар „Златен Елец“ Скопје.