Екипата на Гостивар продолжи со добрите партии на домашен терен и со победа над Куманово (86-64) ја запиша трет триумф во низа во рамки на Првата лига во која тимот се бори за подобра позиција пред плеј-офот.
Првата четвртина беше изедначена, резултатот по десет минути гласеше 19-17, но тоа беше се што Куманово успеа да го направи кога се говори за отпорот на фаворитот на оваа средба.
Во вториот квартал гостиварчани влегоа во серија и заминаа на 35-20, па беше полесно да се игра. Двоцифрениот плус се држеше константно оттогаш, а највисоко што Гостивар водеше на оваа средба беше 25 поени (86-61).
Одличен кај победникот беше Корсантија со 23 поени и осум скока, пред Ефремовски со 17 поени, додека кај кумановчани, Марјановиќ имаше 19 поени, пред Рајт со 14 поени и осум скока.