недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Изненадување на последниот тренинг на фудбалерите, еве кој ги посети

ВИДЕО: Изненадување на последниот тренинг на фудбалерите, еве кој ги посети

На денешниот тренинг фудбалерите кои се подготвуваат за натпреварот против Малта со кој ги стартуваат квалификациите за Европското првенство во 2024 година имаа пријатно изненадување.

Андон Дончевски, првиот селектор во историјата на независна Македонија беше гостин на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Секако дека присуството на легенда како Дончевски е дополнителен мотив за македонските репрезентативци.

Натпреварот против Малта, Македонија го игра во четврток од 20:45 часот на арената „Тодоро Проески“. Три дена подоцна, исто така во Скопје ќе играме пријателски натпревар против Фарски Острови.