недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите на Цибона го прекинаа штрајкот и решија дека ќе останат до крајот на сезоната

Кошаркарите на Цибона го прекинаа штрајкот и решија дека ќе останат до крајот на сезоната

Поранешниот европски шампион Цибона го остави решавањето на проблемите за претстојното лето, односно крајот на сезоната откако управата на клубот и кошаркарите се договорија да се прекине штрајкот и играчите да останат до крајот на мај.

Загрепскиот тим веќе играше против Олимпија во комплетен состав и остави одличен впечаток, за малку и не направи изненадување во Љубљана.

Веднаш по мечот тренерот Јосип Сесар изјави дека има гаранции од играчите дека во овој состав ќе ја довршат сезоната, односно ќе ги бранат боите на клубот во последните два месеца.

Тоа значи дека сите финансиски проблеми ќе бидат ставени на страна, а кога ќе заврши сезоната, ќе се активираат сите можни механизми за да бидат заштитени нивните барања и да бидат целосно исплатени. Дотогаш клубот треба да има чиста визија како понатаму, а логично е да се очекува дел од финансиската конструкција да биде покриена и од Градот Загреб.