четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Јокиќ: Сакам да играм за Србија на Мундобаскетот, но ќе одлучам на крајот од сезоната

Јокиќ: Сакам да играм за Србија на Мундобаскетот, но ќе одлучам на крајот од сезоната

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ минатата година играше на Европското првенство за репрезентацијата на Србија.

Сега се појавува дилемата дали Јокиќ ке се стави на располагање на селекторот Светислав Пешиќ за претстојното Светското првенство кое ќе се одигра во Јапонија, Индонезија и Филипинте кое ќе се одржи од 25 август – 10 септември оваа година.

Неодамна Јокиќ изјави дека конечната одлука за настап на Мундобаскетот ќе ја донесе на почетокот од летниот период и дека би сакал да биде дел од тимот за ова големо натпреварување.

„Мислам дека е најважно што успеавме да се квалификуваме. Околу пласманот не би сакал ништо да прогнозирам. Прво да ја минеме групата, а потоа ќе видиме, сè е можно. Јас најмногу сакам да бидам дел од националниот тим, но одлуката ќе ја донесам на почетокот на летото. Сега доаѓа најтешкиот период, ќе имаме исцрпувачки серии во плеј-офот на НБА-лигата, а секако се надевам дека ќе можам да дојдам во Србија подготвен и во добра форма, но во моментов не размислувам премногу за тоа“, изјави Јокиќ.