петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Сити со нов договор за Халанд

Манчестер Сити со нов договор за Халанд

Управата на Манчестер Сити сериозно размислува на темата како да го задржи неверојатниот Ерлинг Халанд во своите редови.

„Граѓаните“ се подготвени да му понудат нов договор со кој Халанд ќе стане убедливо најплатениот играч во Премиер лигата со неделна плата од половина милион фунти.

Во моментов најмногу заработува исто така играч на Сити, а тоа е Кевин де Брујне кој заработува 400.000 фунти неделно.

На овој начин Манчестер Сити сака да го „забетонира“ престојот на Халанд во нивниот клуб и да го задржи до 2028 година, изјавуваат неколку англиски медиуми.