недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, тројца повредени откако излетал автомобил

Тешка сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, тројца повредени откако излетал автомобил

Три лица се повредени кога денеска околу 15 часот автомобил марка „БМВ“ со струмички регистарски ознаки излетал од патот Струмица – Радовиш, кај селото Владевци.

Според информацијата од портаролката на СВР – Струмица, Александра Трајанова, при сообраќајката се повредени возачот на автомобилот и двајца негови сопатници, кои се пренесени во струмичката болница.

Трајанова додаде дека увидот на полицијата се уште трае, а од 16 часот сообраќајот се одвива наизменично, откако претходно по несреќата тој беше во целосен прекин.