понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачите на Рома го навредуваа Станковиќ, Мурињо ги смируваше (ВИДЕО)

Навивачите на Рома го навредуваа Станковиќ, Мурињо ги смируваше (ВИДЕО)

Дејан Станковиќ реагираше жестоко кога Сампдорија доби црвен картон, а тоа ги повлече навивачите на Рома да почнат да скандираат со навредливи зборови кон српскиот стратег.

Веднаш стана Жозе Мурињо и им рече да престанат. По натпреварот Станковиќ му се заблагодари на Португалецот со кој заедно ја освои тројната круна во Интер.

А со изјава се јави и Мурињо: „Не треба да ми се заблагодарува, тоа го направив за голем човек и пријател. Јас сум бил навредуван многу пати на различни навивачи на стадиони секаде во светот, изградив ѕид околу мене за заштита и сигурен сум дека и Деки го прави истото“.