недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Холандија претстави нова безбедносна стратегија, ги повика граѓаните да бидат внимателни

Холандија претстави нова безбедносна стратегија, ги повика граѓаните да бидат внимателни

Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра и министерката за правда Дилан Јешилгес-Шехеријс претставија нова безбедносна стратегија, во која се предупредува на предизвиците за „геополитичката, дигиталната и економската безбедност“ на земјата и ги повикаа граѓаните да бидат внимателни.

Новата безбедносна стратегија поставува три главни цели дефинирани како: „безбедно Кралство Холандија во мултиполарен свет“, „отпорен демократски правен поредок“ и „подготвено и отпорно општество“, пишува бриселски „Еурактив“.

„Рускиот напад врз Украина јасно покажува дека европската безбедност е загрозена, но тоа не е единствената закана. Предизвиците за „геополитичката, дигиталната и економската безбедност на земјата“ бараат „сеопфатен, проактивен, силен одговор“, и на национално и на меѓународно ниво, рече Хукстра.

Тој истакна дека безбедноста на Холандија бара силна соработка во Европа и во НАТО, како и на глобално ниво.

„Ги повикуваме граѓаните, компаниите, граѓанските организации и другите институции да преземат свои мерки против безбедносните закани“, изјави Јешилгез-Сехеријус.

Апсолутна безбедност не постои, рече таа и додаде дека треба да се биде внимателен и подготвен за неочекувано влошување на безбедносната состојба.  (МИА)