четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти пред мечот со Барса: Бескорисно е ако дадеме гол во петтата минута, а потоа примиме два

Анчелоти пред мечот со Барса: Бескорисно е ако дадеме гол во петтата минута, а потоа примиме два

Реал Мадрид  и гостува на Барселона во реваншот од Купот на кралот. Барса на првиот меч славеше со 1:0 што значи дека кралскиот клуб мора да победи на „Ноу Камп“. Интересно е што Реал ги изгуби трите претходни „Ел Класика“.

Најтешко е одберете. Менталитетот на игралите нема да се промени, сите сакаат да го започнат натпреварот. Но многу е тешко да се избере стартниот тим, затоа што има повеќе од 11 играчи кои заслужуваат да бидат во него“, изјави Анчелоти.

Италијанецот истакна дека „енергијата“ ќе биде важна на претстојниот меч.

За мене Ел Класико секогаш ќе биде најважен меч. Блиску сме до финале, па ќе направиме се за да играме во него. Меѓутоа тоа не значи дека ќе пробуваме да постигнеме гол како луди. Идејата е да одиграме комплетен меч затоа што ќе биде бескорисно ако дадеме гол во петтата минута, а потоа примиме два“, додаде искусниот стручњак.

Реал оваа сезона три пати по ред губеше од Барса. Во јануари беше поразен во Суперкупот (1:3), потоа во март во Купот (0:1), па 17 дена подоцна и во Ла Лига (1:2).