сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Црна Гора странците лани отвориле 7.070 компании

Во Црна Гора странците лани отвориле 7.070 компании

Од вкупно 9.060 фирми што лани биле формирани во Црна Гора, речиси 80 отсто од нив се основани од странци со капитал од речиси 30 милиони евра, покажуваат податоците на Управата за приходи и царина на Црна Гора.

Од УПЦ за „Вијести“ велат дека бројот на компании чии основачи биле странци е 7.070, а во повеќе од половина од случаите станува збор за руски државјани, кои основале 3.830 компании во Црна Гора.

По нив, најбројни се турските државјани кои само минатата година основале 1.480 фирми. Далеку зад Русија и Турција на листата странски основачи на компании во Црна Гора се српските државјани кои основале 275 компании, веднаш потоа следат германските со 247 и украинските со 200 компании.

Граѓаните на Белорусија се на петтото место со 138 новоосновани компании, додека следните на листата – Италијанци, Косовари, Британци и државјани на Босна и Херцеговина – отвориле помалку од 100 компании во Црна Гора во текот на минатата година.

Од УПЦ велат дека активностите што ги вршат новооснованите компании на странски основачи се различни, а најмногу, 873 од нив, што е околу 12 отсто од вкупниот број, се занимаваат со трговија на големо или мало.