недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти објави слободен ден, најмногу се израдува играч со 57 минути оваа сезона! (ВИДЕО)

Анчелоти објави слободен ден, најмногу се израдува играч со 57 минути оваа сезона! (ВИДЕО)

Радоста на фудбалерите на Реал Мадрид по големата победа над Барселона беше голема, а посебно интересно беше кога Карло Анчелоти им кажа на играчите дека утре имаат слободен ден.

Поради густиот распоред на фудбалерите им значи секој ден за одмор, па голема беше радоста кога Анчелоти им кажа дека имаат слободен ден.

Впечатлива беше радоста на Мариано Дијаз, фудбалерот кој оваа сезона има одиграно вкупно 57 минути најмногу се израдува на слободниот ден од Анчелоти.

Голема беше радоста и кај Лука Модриќ, но Хрватот има 37 години и постојано игра.