Кошаркарскиот клуб Партизан ја оствари целта и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум кошаркарски екипи во Евролигата.
Српскиот состав успеа во еден неизвесен натпревар да го совлада Монако со резултат 88:84.
На 17 секунди до крајот на средбата играчот на белградските „црно-бели“ Пантер реализираше тројка и тоа го одлучи победникот. Следуваше „пенал“ серија, Ледеј беше прецизен и на својот тим му донесе голем триумф.
Најефикасни во редовите на Партизан беа Аврамовиќ и Ледеј со по 22 поени, а кај Французите доминираше Окобо со 23 поени.
Се одиграа уште два натпревари во петокот, Алба Берлин славеше кај Панатинаикос со 84:88, а Олимпиа Милано со 84:76 ја совлада Барселона.