СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропски супстанци и прекурсори“.
На 15.03.2023 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.