четврток, 15. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

ХОРОР во Албанија: Убиена мајка на две деца, убиецот е член на семејството

ХОРОР во Албанија: Убиена мајка на две деца, убиецот е член на семејството

Стравично злосторство ја потресе Албанија, кога рано утрово 40-годишниот Роланд Синани со пиштол ја убил својата снаа Мигена Синани, мајка на две деца, додека таа спиела во својата соба, а потоа се застрелал во дворот на семејниот дом, пишува Нтв ал.

Албанската полиција го пронашла оружјето со кое е извршено убиството на неколку метри од сторителот, кој претходно се застрелал, што предизвикало сомнеж кај полицајците.

Подоцна било утврдено дека таткото на Роланд, инаку стар и склеротичен, во моментот кога синот се застрелал, отишол кај него, го зел пиштолот од неговата рака и го фрлил неколку метри од местото.

Инаку, пред убиството, мајката на Роланд го пресретнала со пиштол во раката и го замолила да го остави оружјето, а потоа отишла во собата и се подготвувала да легне кога ги слушнала истрелите. Слушнала крик и отишла во собата на својата снаа, каде покрај мртвата мајка го затекнала девојчето – својата внука, како плаче во шок.