сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо дрско му одговори на Касано

Мурињо дрско му одговори на Касано

Антонио Касано веќе подолго време го критикува Жозе Мурињо и го помножи неговиот успех во Рома со една голема „нула“, порачувајќи дека Португалецот игра убедливо најлош фудбал во Италија.

Касано во своето обраќање нагласи дека Мурињо живее на стара слава и дека неговите тренерски методи се веќе застарени, а бидејќи неговите зборови добија на значење на чизмата, Жозе денеска доби прашање на оваа тема по победата која ја оствари Рома во Торино. Пауло Дибала постигна гол вреден победа за гостите од Рим, а откако „волчицат“ ги мина Милан и Интер и се искачи на третото место на табелата, Жозе не пропушти да му одговори на Касано.

– Секој е слободен да има свое мислење и да изнесува критики во јавноста. Но, кога се во прашање луѓе како Антонио, тоа е поинаку. Тој ужива и не работи ништо, а другите како мене напорно работат. Негова работа е да ги критикува Рома и Мурињо и тоа го прави од забава.Касано играше за Рома, Интер и Реал. Во Мадрид го паметат по облечената јакна и клупата, во Рома го освои Суперкупот без да игра, а во Интер не го освои ни Купот на Ломбардија. Вие знаете што освоив јас во Интер, Реал и Рома. Тој има проблем со мене, јас немам со него. Ќе му кажам само едно: Антонио, ти имаш 40 години, јас 60. Понекогаш доаѓа некој како Ливаја и работите стануваат тешки, – изјави Мурињо, алудирајќи на тоа дека Касано си замина од Интер по доаѓањето на Ливаја во првиот тим.