Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.
Во Скопје умерено oблачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Од утре до четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Утре и во среда долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер.
Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.