вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЕВРОЛИГА: Ц.Звезда го совлада Фенербахче, Макаби го совлада Реал Мадрид

ЕВРОЛИГА: Ц.Звезда го совлада Фенербахче, Макаби го совлада Реал Мадрид

Koшаркарите на Црвена Звезда го победија Фенербахче во Белград во салата „Александар Николиќ“ со 91:89 во рамките на 34 коло на Евролигата.

Најефикасен кај Звезда беше Факундо Кампацо со 23 поени, еден помалку постигна Огњен Добриќ, додека Лука Вилдоса постигна 17 поени. На другата страна најдобар беше Џонатан Мотли кој постигна 24 поени.

На другите натпревари Алба го победи Лион со 88:71. Во италијанското дерби Виртус Болоња славеше над Олимпија Милано со 89:84.

Oлимпијакос ја совлада Басконија со 86:78, а во маратонски меч Макаби Тел Авив го урна Реал Мадрид со 100:96 по продолжението.

Кај Реал најефикасни беа Јабузеле со 25 односно Џанан Муса со 20 поени. Кај Макаби Лоренцо Браун постигна 22 поени.