понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Му го скршиле стаклото на автомобилот, додека бегал удрил две возила

Му го скршиле стаклото на автомобилот, додека бегал удрил две возила
илустрација

На 13.04.2023 околу 21:00 часот пред трговски центар на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „форд“, со тврд предмет го скршило стаклото од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано И.П.(39) од Скопје.

Потоа, тој бегајќи со возилото, учествувал во сообраќајна незгода со уште две возила.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.