понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Украина пред мечот во Скопје се откажува од квалификациите за ЕП?

Украина пред мечот во Скопје се откажува од квалификациите за ЕП?

Фудбалската репрезентација на Македонија би можела да остане без еден од противниците во квалификациите за ЕП 2024 по новиот закон со кој Владата на оваа земја им забрани на националните селекции да учествуваат во натпреварување во кои дел се и спортисти или национални селекции на Русија и на Белорусија.

„Забрана за учество на официјални делегации или национални репрезентации на Украина во меѓународни спортски натпреварувања од кои дел се и спортисти од Русија и Белорусија“, се вели во дел од новата законска одредба што синоќа беше официјално објавена во Киев.

Како што е веќе познато, Русија е суспендирана од УЕФА, но репрезентацијата на Белорусија е дел од квалификациите за ЕП 2024. Иако двете земји не се наоѓаат во иста група, станува збор за исто натпреварување што согласно наведеното во новиот закон би значело забрана за украинската фудбалска репрезентација да учествува во овој квалификациски циклус.

Јасно е дека УЕФА ќе изврши притисок да не дојде до фијаско и повлекување на украинскиот национален тим, но останува да се види дали украинските власти ќе останат доследни на својата последна законска одлука или ќе „замижат“ бидејќи реално нема да дојде до дуел меѓу селекциите на Украина и Белорусија.