вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Голманот на Јувентус во добра состојба откако почувствува тахикардија

Голманот на Јувентус во добра состојба откако почувствува тахикардија

Војчех Шчесни со насолзени очи беше повлечен од теренот на дуелот во Торино во 42 минута.

Пред да биде заменет полскиот голман во неколку наврати се фати за градите и отежнато дишеше, а неговиот соиграч Глејсон Бремер веднаш го повика лекарскиот тим да влезе на теренот.

Лекарите на Јувентус по краток разговор со Шчесни побараа тој да биде заменет.Резултатите од извршените прегледи се добри, а Шчесни по натпреварот рече дека првпат во животот почувствувал тахикардија, дека е малку уплашен, но се чувствува добро.