Раководството нафудбалскиот тим Интер донело одлука да не го задржи Ромелу Лукаку во идната сезона. Напаѓачот тековната сезона ја минува во тимот на Милан како позајмен од Челзи, а на лето ќе се врати во англискиот клуб.
„Нероаѕурите“ сметаат дека вкупната сума од 20 милиони евра што клубот ја потроши за позајмица на Лукаку не одговара на нивото на неговата игра. Според италијанските медиуми, Интер веќе бара замена за Белгиецот.
Според достапните информации, италијанскиот клуб пројавува интерес за напаѓачите на Ливерпул и Борусија Менхенгладбах, Роберто Фирмино и Маркус Турам. Двајцата играчи ќе станат слободни агенти на крајот од сезоната.