Предводникот на ЦСКА Москва, Емил Рајковиќ е прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата.
Нашиот кошаркарски стратег имаше фантастични резултати со „армејците“, тим со кој постави пет лигашки трофеи што беше повеќе од доволно да го добие признанието за најдобар тренер за натпреварувачката 2023/2024.
-Голема чест е што ја добивам оваа награда. Ама верувам дека овој трофеј не е само за еден човек, туку за целиот тим: играчите, тренерите, персоналот и раководството.Нашиот тим го заслужи ова за одличната кампања, за сите победи и рекорди. Ама нашата најважна цел е пред нас, сите наши мисли се насочени кон наредните натпревари кои се многу поважни, -порача Рајковиќ.