вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Украина нема да го бојкотира ЕП 2024 поради учеството на Белорусија

Украина нема да го бојкотира ЕП 2024 поради учеството на Белорусија

Заменик-министерот за млади и спорт на Украина, Матвеј Бедниј изјави дека земјата не го разгледува прашањето за забрана за учество на фудбалската репрезентација на квалификацискиот турнир за Европското првенство 2024 година.

– Досега не сме разговарале за учеството на Белорусија квалификациите и за наше бојкотирање на Европското првенство во 2024 година, изјави Бедниј за „КП Спорт“.

Интернационалниот олимписки комитет соопшти дека владите не треба да одлучуваат кои спортисти можат да се натпреваруваат на меѓународни натпревари.

На 14 април, Министерството за спорт на Украина им забрани на своите спортисти да се натпреваруваат со Руси и Белоруси. На 15 април се дозна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски вовел санкции во период од 50 години против повеќе од 80 руски спортисти.