Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со суслови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Во следните денови времето во претпладневните часови ќе биде претежно сончево, а од пладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.