Шпанскиот фудбалски интернационалец Алваро Мората следната сезона повторно би можел да игра во Серија А, но не во дресот на неговиот поранешен клуб Јувентус.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Мората треба да ја засили Рома. Доколку си замине Тами Абрахам, се прави план Мората и Дибала следната сезона да го сочинуваат напаѓачкиот тандем на Рома.
Алваро Мората сезонава одигра 38 натпревари и постигна 12 гола во дресот на Атлетико Мадрид.