вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск повика на дијалог поради „тешката“ ситуација во Судан

Папата Франциск повика на дијалог поради „тешката“ ситуација во Судан

Папата Франциск повика на „дијалог“ поради „тешката“ ситуација во Судан, каде повеќе од една недела траат судирите меѓу армијата и паравоените сили. Во рамки на традиционалната неделна молитва во Рим тој повика да не се заборават и Украинците погодени од војната.

„За жал, ситуацијата во Судан останува сериозна, поради што повторно повикувам насилството таму што побрзо да прекине и да се продолжи по патот на дијалогот. Ги повикувам сите да се молат за нашите судански браќа и сестри“, рече папата во рамките на традиционалната неделна молитва на плоштадот Свети Петар во Рим.