вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од пат, тешко повреден возачот

Автомобил излета од пат, тешко повреден возачот

На 26.04.2023 во 00.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, на место викано „Рудина“, В.Г.(46) од село Радичево, општина Василево, управувајќи патничко возило „рено клио“ со словенски национални ознаки, излетал од коловозот, информира МВР.

Во Здравствен дом Радовиш кај возачот биле констатирани тешки телесни повреди, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.