недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од скопската обиколница: Загина жена, маж повреден

Автомобил излета од скопската обиколница: Загина жена, маж повреден
илустрација

На 27.04.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Визбегово, патничко возило „ровер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале С.С.(53) и М.С.(54), двајцата од с.Волково, скопско, излетало од коловозот.

-На местото на несреќата починала С.С., а со телесни повреди се здобил М.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.