понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден маж во сообраќајка во Кавадарци

Тешко повреден маж во сообраќајка во Кавадарци

На 30.04.2023 во 19:40 часот пријавено е дека на ул. „Илинденска“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(39) од Кавадарци и мопед „кимко“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.С.(30) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Б.С.,кои му биле констатирани од лекар во Општата болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.