Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, веќе ги крои последните планови околу списокот на фудбалери за последниот овосезонски квалификациски циклус. Еден од противниците на „трите лава“ во групната фаза за следното Европско првенство е Македонија, за која Саутгејт зборуваше со суперлативи.
Македонија досега во историјата одигра двапати на гости кај светскиот гигант и интересно е тоа што двата пати беше непоразена. Токму тоа го потенцираше Саутгејт при својата посега на едно училиште во Лидс.
„Наша цел е да бидеше шампиони на Европа во Германија и ако сакаме такво нешто треба да продолжиме со победите. Но, нам нè не чека лесна задача, особено не против Македонија. Звучи неверојатно, ама Англија на домашен терен не ја победил Македонија во историја. А, Македонија веќе ја елиминираше Италија од баражите за Светското првенство во Катар.. Нема простор ни за потценување, ни за самозадоволство, ни за размислување дека имаме лесна задача идниот месец. Ако сакаме да сме европски прваци, тогаш мора да сме сигурни дека го имаме вистинскиот менталитет, дека постојано сме на највисоко ниво и така мора да се однесуваме и да играме“, рече Саутгејт.
Натпреварот меѓу Англија и Македонија ќе се игра на легендарниот „Олд Трафорд“. На претходните две гостување на Островот, Македонија одигра 0-0 и 2-2.