понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Битола, одземено оружје

Претрес во Битола, одземено оружје

Денеска (04.05.2023), во Полициската станица Битола бил извршен службен разговор со А.С.(42) и Р.С.(41), двајцата од Битола. А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С..

Во полициска станица од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против лицата ќре бидат поднесени соодветни пријави.