Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Олимпијакос во Истанбул во четвртиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на кошаркарската Евролига со 73:69 и избори „мајсторка“ која ќе го решава за патникот на Ф4 турнирот.
Екипите на овој меч се менуваа во водство во текот на целиот меч.
Олимпијакос на полувремето имаше водство од 33:32, а во третиот период и пет поени предност. Фенер одговори на почетокот на последната четвртина на крајот се избори за триумф.
Пјер беше најефикасен со 17 поени, Дорси додаде 16. Кај Олимпијакос најдобар беше Мекишик со 20 поени.