Кошаркарите на Олимпијакос го добија балканското дерби против Олимпијакос so 84-72, и ќе играат на завршниот турнир во Евролигата во Каунас.
Грчкиот тим убедливо го доби тускиот и се пласираше меѓу најдобрите четири тима во Европа, каде што претходно пласман обезбеди само Барселона, додека на другите три се играат мајсторки.
Олимпијакос уште од стартот го контролираше резултатот, и само ја зголемуваше предноста до крајот на мечот. Водена од своите навивачи во преполната сала „Мир и пријателство“ во Атина, грчката екипа на крилата на Костас Слукас успеа да слави во најважниот натпревар во серијата.
Слукас на крајот мечот го заврши со 22 поени и шест асистенции, додека залудни беа оние 26 поени на Гудуриќ.
Утре ќе се знаат сите патници во Ф4 во Каунас. Реал Мадрид против Партизан и Монако против Макаби Тел Авив играат мајсторки, и ќе биде познато кои ќе им се приклучи на Барселона и Олимпијакос во главниот град на Литванија.