сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан без Бенасер до крајот на сезоната

Милан без Бенасер до крајот на сезоната

Ланскиот италијански фудбалски првак Милан објави денеска дека до крајот на сезоната ќе биде без повредениот алжирски репрезентативен играч за врска Исмаел Бенасер (25).

Алжирецот се повреди на вчерашниот прв полуфинален натпревар во Лигата на шампиони против градскиот ривал Интер (0-2).

Бенасер го напушти теренот во 18 минута, а со денешните прегледи е констатирано дека ќе мора да му биде направена артроскопска операција на десното колено.

На четири кола до крајот на сезоната во Серија А, Милан е петтопласиран со 61 бодови, два помалку од Интер на четвртото место, кое последно обезбедува виза за Лигата на шампиони.