недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Марк Џексон: Им се извинувам на Јокиќ и Денвер, направив голема грешка

Марк Џексон: Им се извинувам на Јокиќ и Денвер, направив голема грешка

Поранешниот играч на многу тимови во НБА-лигата, Марк Џексон, изјави дека направил голема грешка кога не го дал својот глас во МВП трката за Србинот Никола Јокиќ. Оваа година наградата му припадна на Џоел Ембид, но целата поширока спортска јавност смета дека истата морала да му припадне по третпат на „џокерот“ од Денвер Нагетс. Џексон изјави дека „направил глупост“ и се надева дека Јокиќ ќе му прости за непромислената одлука. Ова изјава наиде на воодушевување меѓу фановите, затоа што пензионираниот кошаркар е прв што јавно ја призна грешката.

„Во животот знам дека морам да се извинам ако сум погрешил. Не сум човек што го интересираат скандали и кликови на социјалните мрежи. Едноставно, направив грешка. Мислам дека сите тоа го гледаме и треба да сфатиме дека погрешивме. Во мојот избор имаше само еден центар, две крила и два бека, не размислив подлабоко. Му се извинувам на Денвер, му се извинувам и на Јокиќ, кој не е само кандидат за МВП-признанието, туку мораше да се најде и во мојот избор. Еден од најдобрите и најумните играчи во лигата, сигурно меѓу Топ-10 најдобри центри во историјата. Признавам, згрешив“, заклучи Џексон.