среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка меѓу автомобил и трактор кај Неготино, едно лице итно пренесено на Ургентен

Сообраќајка меѓу автомобил и трактор кај Неготино, едно лице итно пренесено на Ургентен

Сообраќајна несреќа се случила на патот кај  Неготино, едно лице е повредено.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 9 часот на регионалниот пат Неготино – с. Лакавица се случила сообраќајна незгода меѓу трактор „ИМТ 539“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Ж.П. (65) од с. Пепелиште, неготинско и патничко возило „Фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Г.Г. (40) од Неготино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој по укажаната помош во oпштата болница во Неготино, поради карактерот на повредите, бил пренесен на лекување во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.