среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„И да игра со седуммина Интер нема да испадне од Милан“

„И да игра со седуммина Интер нема да испадне од Милан“

Антонио Касано, некогаш лошото момче на италијанскиот фудбал, тврди дека Милан нема никакви шанси против Интер. Градските ривали, вечерва ќе го одиграат полуфиналниот реванш, во Лигата на шампионите. Првиот натпревар, кога Милан беше домаќин го доби нтер со 2:0.

„Интер би морал да игра со седум играчи или со деца од Примавера за да биде елиминиран. Дури постои ризик и во тој случај Милан да не може да оди понатаму. Со Леао или без него ништо не се менува, Милан е инфериорен во однос на Интер. Рафа Леао не е ниту Кака, ниту Роналдињо, не гледам дека е на тоа ниво“, изјави Касано.

„Во ред, можеби грешам по којзнае кој пат, но тоа е мое мислење. Не гледам како Интер може да биде елиминиран по 2:0 во првиот натпревар. Милан нема шанси во реваншот“.