вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Снајдер и Матераци навиваа со ултрасите на Интер (ВИДЕО)

Снајдер и Матераци навиваа со ултрасите на Интер (ВИДЕО)

Интер еуфорично го прослави пласманот во финалето откако вчера го победи Милан со 1:0 и така со вкупни 3:0 обезбеди прво финале во Лигата на шампионите по 2010 година.

На трибината со најверните навивачи на Интер вчера беа и двете славни имиња на „нероаурите“, Весли Снајдер и Марко Матераци. Двајцата беа дел од последната шампионска генерација на Интер, а вчера иако секако можеа да бидат дел од свечената ложа одлучија мечот да го проследат со ултрасите на Интер.