понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пет лица повредени во сообраќајка на патот Штип-Кадрифаково

На 18.05.2023 околу 15.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-с.Кадрифаково, во близина на надвозник за с.К.Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.В.(52), патничко возило „фиат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(51), двајцата од с.Мустафино, светиниколско и патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(38) од с.Анзибегово, светиниколско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „опел“, И.Д., додека со телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“, Л.Х., сопатниците од возилото „опел“, Б.С.(24) и Ф.Х.(26), двајцата од Свети Николе и сопатникот од возилото „фолксваген“, Д.П.(34) од Велес, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.