Лондонски Арсенал на ја оправда фаворитската улога на мечот против Нотингем Форест, па поразот од 1-0 значеше крај на надежите за освојување на пехарот во Премиер лигата или поточно добивме потврда дека старо-нов англиски шампион е Манчестер Сити.
Ова за „граѓаните“ е трета титула во низа во ова натпреварување, а истата заеднички беше прославена. Клубот од Манчестер објави едно кратко видео на социјалните мрежи на кое се гледа како избраниците на Пеп Гвардиола со нетрпение го очекуваат последниот судиски свиреж на „Сити Граунд“, а откако се случи тоа започна славјето.
The winning moment! 🎉 pic.twitter.com/QceofBIqoh
— Manchester City (@ManCity) May 20, 2023