вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тројца фудбалери на Јуве незадоволни од Алегри

Тројца фудбалери на Јуве незадоволни од Алегри

Тројца фудбалери на Јувентус беа многу незадоволни од тактиката што ја подготви Масимилијано Алегри за натпреварот против Севиља.

Имено, Јувентус по продолженијата доживеа елиминација во полуфиналето на Лига Европа и остана без можност да се бори за трофејот во ова натпреварување.

Италијанските медиуми објавија дека тројца фудбалери биле многу незадоволни од тактиката што ја постави Алегри за овој натпревар. Станува збор за Хуан Квадрадо, Анхел ди Марија, и Федерико Киеза, кои се шокирани од елиминацијата од Лига Европа.

Иднината на овие тројца играчи е под знак прашалник откако решија да му се спротивстават на тренерот кој има свој начин на игра. Договорот на Квадрадо истекува ова лето и мали се шансите да остане во тимот, а италијанските медиуми тврдат дека едвај чека да замине.

Договорот на Киеза трае до 2025 година, но тој е под знак прашалник, не само поради коментарите кои ги даде, но и поради честите проблеми со повредите.