среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Денес ќе му бидат одземени 12 бода на Јувентус. Се чека и дополнителна казна од УЕФА?!

Денес ќе му бидат одземени 12 бода на Јувентус. Се чека и дополнителна казна од УЕФА?!

Според италијанските медиуми, Јувентус сепак ќе биде казнет и ќе му се одземат 12 бода во Серија А. Токму кога тимот од Торино ја подигна формата, извојува неколку победи, со вратени 15 бода откако беше прифатена жалбата на првичната пресуда.

Италијанските медиуми тврдат дека е сосема веројатно во понеделник Старата дама да добие нова казна.

Имено, во понеделник напладне Федералниот апелационен суд во Италија ќе има ново рочиште за скандалот поврзан со незаконското стекнување капитална добивка од страна на Јувентус, односно надувување на цените на одредени играчи, со цел да се испеглаат деловните книги и да се избегнат санкции за прекршување на финансискиот фер-плеј.

Corriere dello Sport пишува дека обвинителството собрало нови докази врз основа на кои на славниот клуб ќе му бидат одземени 12 бода.

Италијанскиот весник имаше пристап до судскиот материјал и наведува дека вината на Јуве е потврдена, но дека казната ќе биде помала од претходната бидејќи поранешниот член на управниот одбор и легенда на клубот Павел Недвед е изземен од процесот и прогласен за невин.