четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Им барала пари на заем, па ги измамила – жена од Кочани пријавена од три лица

Им барала пари на заем, па ги измамила – жена од Кочани пријавена од три лица

На 22.05.2023 во Полициската станица Кочани, две жени на возраст од 47 и 52 години и 75-годишник, сите од Кочани, пријавиле засебни случаи на измама од страна на Х.Д. од Кочани, извршени во текот на 2022 година.

Според пријавеното, таа во различни периоди дошла во нивните домови и им барала пари на заем под разни изговори, при што од нив земала соодветно 500, 400 и 300 евра, но до моментот на пријавување не им ги вратила.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.