недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка кај археолошкиот локалитет Баргала

Тројца повредени во сообраќајка кај археолошкиот локалитет Баргала

На 24.05.2023 во 18.50 часот било пријавено дека на локалниот пат Штип – Плачковица, во близина на археолошки локалитет Баргала, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од С.Д.(24) од с.Аргулица – општина Карбинци и патничко возило „форд фиеста“, управувано од М.С.(52) од Штип, двете со штипски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „форд фиеста“, З.М.(27) од Штип, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.