петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Емил Рајковиќ останува тренер на ЦСКА Москва

Емил Рајковиќ останува тренер на ЦСКА Москва

Најдобриот македонски кошаркарски тренер во моментов, Емил Рајковиќ и покрај загубената титула во ВТБ-лигата и следната сезона ќе ја предводи големата ЦСКА Москва, соопштуваат денеска медиумите во Русија.

Според нив, „црвеноармејците“ имаа можност летово да го раскинат двегодишниот договор кој Македонецот го потпиша лани и тоа со плаќање на мала отштета, но решија да го задржат и да му дадат шанса да продолжи со добрата работа, без разлика што таа овој пат не донесе шампионска круна.

Убедливата победа над Зенит (4-1) во серијата за бронзениот медал во регионалната лига се покажа како доволна причина Рајковиќ да добие втора шанса од управата на ЦСКА.