недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со пари од службената каса си играл игри на среќа, жител на Ранковце доби кривична пријава

Со пари од службената каса си играл игри на среќа, жител на Ранковце доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривичнa пријавa против А.С. (30) од Ранковце, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 04.04.2023 година, во с. Петралица, Општина Ранковце, во објект на правно лице, пријавениот додека бил на работното место, противправно за себе присвоил пари од касата на угостителскиот објект, кои што му биле доверени и со нив играл игри на среќа, со што го оштетил правното лице.